Владата во Гамбија се соочува со неверојатен проблем откако земјата стана место каде доаѓаат постари жени и си обезбедуваат интимни врски со помлади мажи без никакви последици, пренесува британски „Сан“, додавајќи дека оваа практика на пензионерките од Запад трае веќе две-три години.

Гледаме Британки како доаѓаат на недела дена и трошат 500 фунти на маж, но со парите не се купува човечко битие, открива менаџерот на еден хотел.

Многумина сметаат дека oвa е неприфатливо бидејќи сметаат дека на овој начин се уништува институцијата семејство, но и дека ѝ штети на репутацијата на земјата.

Иако во туристичката област Кололи е сè повидливо полицискотo присуство, и има гласини за апсења, на паровите што ги забележавме очигледно не им беше грижа што мисли некој за нив. Тие ја гледаат критиката како сексистичка и мислат дека луѓето треба да си ја гледаат својата работа, пишува весникот.

Не знам зошто е целата врева. Не правам ништо нелегално. Ако одите некаде како Тајланд, ќе видите многу старци со млади девојки, но никој не зборува за тоа. Во моментот кога една жена ќе запознае помлад маж, се крева галама и одма нè викаат пуми. Јас сум тука да се забавувам и не повредувам никого. Ако сакам да си донесам жешко момче во мојата хотелска соба, тоа не е ничија работа освен моја, вели рече Барбара (65) од Дартфорд, Кент.

Млад Гамбиец за весникот вели дека многу млади мажи ги прифаќаат таквите предлози.

Годините се само бројка за нас. Ако одите со богата бела дама, се чувствувате гордо, луѓето ве третираат со почит. Не е важно како изгледаат или колку години имаат. Ако си силен, можеш да бидеш со која било жена, вели Олу (20).

Додава дека животот во Гамбија е тежок. Заработува 50 фунти (57 евра) месечно работејќи во хотел, но голема вреќа со ориз, која трае еден месец, сега го чини 40 фунти (45 евра).

Татко ми почина кога бев млад и морам да се грижам за мајка ми и трите браќа и сестри. Ако ме сака бела жена, барам само малку пари за да ни помогне да јадеме, а јас ќе ја сакам додека таа ме сака мене, вели тој.

Сестрите Џени Данфи и Адел Расел беа само неколку дена во Гамбија и беа шокирани од бројот на постари бели жени кои шетаа по плажите.

Ги гледаш сите овие постари дами со млади мажи и сакаш да им пријдеш и да кажеш: „Престани“. Видовме една таква двојка во хотелскиот базен како се бакнуваат и се гушкаат. Беше одвратно зошто буквално беше доволно стара за да му биде баба. Ова се случува затоа што луѓето се очајни да добијат пари од туристите само за да преживеат. Дури и масерите кои работат на плажа ви нудат малку поинакви „услуги“, велат тие.

Адел изјавила дека на нејзината мајка ѝ бил понуден ваков тип на масажа токму на плажа.

Тажно е затоа што ова е прекрасна земја и има многу да понуди и може многу да се направи овде. Но, оваа репутација на Гамбија сега одвраќа многу луѓе. Посакувам полицијата да го спречи тоа, но не знам што можат да направат, истакна таа.

Туристичката организација на Гамбија прави максимални напори да ја промени оваа практика во нивните одморалишта и да привлече повеќе туристи. Патиштата и хотелите се модернизираат со цел да се создаде најдобра можна содржина за посетителите.

Гамбија, позната како „Брегот на насмеаните“ поради сончевата природа на нејзиниот народ, е поранешна британска колонија која се стекна со независност во 1965 година.

Таа стана туристичка дестинација кога „Томас Кук“ почна да продава евтини аранжмани, вклучително и евтини летови во 90-тите. Приливот на Британци беше огромен финансиски поттик, но ги постави и темелите за неговата лоша репутација.

Според туристите и жителите, сиромаштијата се уште се чувствува во Гамбија и треба да се работи многу на развојот на земјата.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.