Познатиот француски леб багет е додаден на списокот на нематеријално културно наследство на Обединетите нации.
Багет е долгнавест француски традиционален леб направен само од брашно, вода, сол и квасец. Одлуката ја донеле експерти на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) кои оваа недела се сретнаа во Мароко.
Годинава под претседавањето на Мароко, Одборот за нематеријално културно наследство УНЕСКО од 28 ноември до 3 декември разгледува 56 номинации за вклучување на пописот на нематеријално наследство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.