Фондацијата за борба против насилството врз жените основана од актерката, режисерката и хуманитарката Анџелина Џоли е пред затворање поради финансиски проблеми.

Џоли тесно соработувала со двајца политички советници кои ги запознала додека работела во Обединетите нации и тие основале здружение кое се занимавало со проблемот со насилството врз жените, но проектот завршил неславно.

Фондацијата Џоли Далтон Хелик, како што пишува Дејли Мејл, официјално е затворена. Џоли инвестираше огромна сума на пари, поточно 1,7 милиони фунти, откако го основа здружението во 2015 година заедно со бароницата и британска политичарка Арминка Хелик и Клои Далтон. Но, здружението наиде на финансиски проблеми и останале само 52.957 фунти, а долгот кон доверителите им е уште 1.524 фунти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.