Како што пишуваат странските медиуми, бракот на Емили Ратајковски и Себастијан Бер-МекКлард завршил поради неговото наводно неверство.
Се чини дека познатата манекенка и актерка Емили Ратајковски планира да се разведе од сопругот Себастијан Бер-МекКлард, а странските медиуми пишуваат дека таа се одлучила на тоа откако тој наводно ја изневерил.
Извор близок до манекенката ја потврдил приказната ексклузивно за „Пејџ сикс“.
Да, тој изневеруваше. Тој е сериски измамник. Одвратно е“, рекол изворот кој сакал да остане анонимен, додавајќи дека Емили планира да поднесе барање за развод.
Шпекулациите за проблемите во бракот се појавија откако 31-годишната Емили беше видена во јавноста без бурмата. Меѓутоа, парот засега не се огласи во јавноста на оваа тема, ниту на своите социјални мрежи, така и во разговорите со медиумите.
Емили и Себастијан се венчаа во февруари 2018 година, само две недели откако објавија дека се во врска, а заедно го имаат едногодишниот син Силвестер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.