Двегодишно момче преживеало откако било полупроголтано од нилски коњ во Уганда, соопшти локалната полиција.

Животното го нападнало детето и го проголтало телото, а потоа го исплукал. Инцидентот се случил на 4 декември околу 15 часот по локално време во регионот Катве-Кабаторо, во југозападниот дел на земјата.

Момчето, наречено од полицијата во Уганда како Ига Пол, си играло во дворот од својот дом кога било нападнато. За среќа интервенирал очевидец.

„Благодарение на храброста на Криспас Багонза, кој беше во близина, жртвата беше спасена откако го гаѓаше нилскиот коњ со камења и го исплаши, предизвикувајќи ја да ја ослободи жртвата од устата“, изјави портпаролот на полицијата во Уганда.

Момчето било однесено во блиската клиника поради повреди на едната рака, а подоцна е префрлено во болница во Западна Уганда на понатамошно лекување. Детето сега е отпуштено откако целосно закрепна.

Пред да биде вратен на родителите, бил вакциниран против беснило.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.