Еден човек наводно успеал да престојува во хотел со пет ѕвезди речиси две години без да плати сместување, пишува Indian Express. Не, не зборуваме за сопственик на хотел или некаков почесен граѓанин, туку за најобичен човек.
Тој успеал да помине вкупно 603 дена во луксузниот хотел Roseate House во близина на аеродромот во Делхи пред било кој да помисли дека тој не требало да биде таму и дека не платил за неговото сместување.
Таен гостин
Менаџерите на хотелот ја контактирале полицијата откако ја откриле очигледната измама. Тајниот гостин беше обвинет дека се договарал со персоналот за да ги скрие своите сметки кои растеле од ден на ден.
Човекот се пријавил во хотелот на 30 мај 2019 година и резервирал едно ноќевање, но успеал да остане таму до 22 јануари 2022 година, а член на персоналот на хотелот наводно му го продолжил престојот и покрај фактот што никогаш не платил за тоа.
Како успеа во тоа?
Меѓу другото, се чини дека неговата измама вклучувала мамење со туѓи сметки или менување на една сметка за друга, за да се осигура дека тој останал таму неоткриен. Тајниот гостин на крајот е откриен и сега му должи на хотелот многу пари.
Должи 64.000 евра
Од хотелот тврдат дека човекот им должи повеќе од пет милиони рупии, што е околу 64.000 евра. Случајот се истражува, а според медиумите полицијата се уште не го уапсила мажот чиј идентитет не се открива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.