Вчера околу 11:50 часот од задарскиот аеродром во полиција е пријавено дека имало нарушување на јавниот ред и мир во авион на летот за Задар, објави Индекс.хр.
По слетувањето на авионот на аеродромот, полициски службеници од поморската и аеродромската полициска станица Задар ги донеле двете лица во полициските простории каде им била укажана лекарска помош и им биле констатирани полесни физички повреди, соопшти Полициската управа Задар.
Алкотестот покажал присуство на алкохол во нивните тела.
Понатамошната истрага на полицијата откри дека за време на летот, лицата вербално се судриле меѓу себе, а потоа и физички се удирале со тупаници, при што двајцата се здобиле со повреди во пределот на лицето и рацете, соопшти задарската полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.