Сомнителен пакет на улица во луксузниот кварт Брентвуд, каде живее познатиот актер и поранешен Мистер Универзум, Арнолд Шварценегер, бил пријавен околу 10:30 часот на Денот на благодарноста во четвртокот.
Заканата за бомба најпрво беше објавена од „TMZ“, кој ова го окарактеризира како инцидент со „swatting“ (сторителите преку лажни изговори предизвикуваат итна реакција на полицијата против жртвата), пренесува Лос Анџелес Тајмс.
Портпаролот на полициската управа во Лос Анџелес не можеше да потврди дека полицајците реагирале токму на адресата на куќата на Шварценегер, но потврди дека имало повик за сомнителен пакет околу 10:30 часот во четвртокот на истата улица во Брентвуд – каде што живее Шварценегер.
Инаку како што изјави извор близок до Шварценегер, тој во тие моменти се наоѓал во теретана, додека тој самиот сè уште не се огласил во врска со овој инцидент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.