Дипломатски добротворен базар – „2024 DMWC“, ќе се одржи денеска во Скопје, организиран под покровителство на Амбасадата на Република Словенија и „Dobredojde Macedonia Welcome Centre“.
Настанот се одржува по повод Светскиот ден на детето под почесно претседателство на словенечкиот амбасадор Грегор Прескер.
Со свои штандови ќе се престават амбасадите на: Република Австрија, Република Бугарија, Народна Република Кина, Република Хрватска, Чешката Република, Италијанската Република, Јапонија, Република Казахстан, Република Косово, Република Литванија, Канцеларија во Скопје, Република Словачка, Република Словенија, Кралството Шпанија, Швајцарија, Делегација на Европската Унија и Институт Конфучие при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
Посетителите ќе имаат можност да уживааат во културната разновидност преку вкусна храна, пијалоци и уникатни традиционални производи. За најмалите посетители е понудена богата детска музичка програма, деца од домашни и меѓународни училишта и културни центри.
Средствата добиени од овој настан се наменети за поддршка на деца, вклучително и деца со посебни потреби од училиштата „Св. Климент Охридски“ (Македонски Брод) и „Братство-Миѓени“ (Тетово). Влезот е бесплатен, затоа поканете пријатели и колеги! Да здружиме сили за посветла иднина за оние на кои им е најпотребна!, повикуваат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.