Во плакарот на дом во Мичиген е пронајдено 14-годишно девојче кое било пријавено за исчезнато во 2021 година.

Полицијата ја пронашла тинејџерката, чиј идентитет не се соопштува, во вторникот во Порт Хурон, а подоцна било откриено дека е бремена, пишува Sky News.

Беше прилично вознемирена, плачеше. Беше прилично исплашена. Не беше сигурна што ќе се случи со неа”, рекол детективот Роберт Вотсон.

Надлежните успеале да му влезат во трага на девојчето откако добиле пријава за сомнителна активност внатре во објектот. Таа била пренесена на преглед во болница, каде било констатирано дека е бремена.


Социјалните служби соопштија дека биле во контакт со таткото на тинејџерката и дека му олеснало кога слушнал дека таа е пронајдена.

Го живееше овој кошмар година и пол, вели Вотсон.

Властите соопштија дека ќе поднесат обвинение за киднапирање против мајката на 14-годишното момче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.