Ден на „станушина“ е манифестацијата што ќе се реализира во Кавадарци на 11 мај, во организација на Здружението „Македонски семејни винарии“.
Од Здружението соопштија дека станува збор за единствената автохтона македонска сорта на грозје.
Нашето македонско девојче, како што сите ние го нарекуваме, сакаме да го издигнеме на едно повисоко и достоинствено ниво“, нагласуваат од „Македонски семејни винарии“.
Оттаму се децидни дека иако оваа сорта на грозје е малку застапена, со децении назад, од неа се прави квалитетно вино.
Во рамките на здружението, има семејни винарии што ја негуваат оваа сорта. Од страна на семејните винарии, виното од автохтоната сорта се продава под различни имиња“, информираат од Здружението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.