На посилниот пол една работа им е многу привлечна кај жените и веројатно некогаш ви дадле комплимент за тоа, но, сепак, внимавајте…

Научниците спроведоа истражување за тоа како бојата на гласот влијае на мажите и жените кога е во прашање заведувањето, а резултатите беа неверојатни – бојата на гласот, како и начинот на зборување, дефинитивно се најсилната женска алатка за заведување на која мажите паѓаат.

Експертите побараа од кандидатите да бројат од еден до десет со нормален глас. После тоа, истите тие мажи и жени мораа да го повторат дејството, но со различен тон на гласот, односно начинот на кој мислат дека звучи секси и заводливо.

Друга група мажи и жени ги слушале нивните снимки и морале да одлучат кое од горенаведените звучи заводливо, а резултатите се покажале многу интересни.

Жените воопшто не реагираа на обидите на мажите да направат својот глас да звучи секси, додека на мажите заводливиот женски глас им беше неверојатно секси.

Научниците објаснуваат дека кога жените сакаат да звучат секси, го спуштаат гласот за да го направат подлабок, зборуваат побавно и потивко, што на мажите им е многу попривлечно од нормалниот тон со кој обично зборуваат.

Исто така, тие тврдат дека тоа е всушност природна, инстинктивна реакција, која влијае на мажите како обликот на телото или мирисот на кожата. Иако доказите се излезени на виделина, прво треба да размислите што ќе кажете кога сакате да заведете маж, а не само со бојата на гласот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.