Четиригодишно девојче паднало од петти кат во зграда во Букурешт и е во тешка состојба во болница.

Според сведоците, девојчето си играло со елката, која била поставено до прозор кој во моментот на несреќата бил отворен.

Соседите велат дека мајката на девојчето спиела во моментот на несреќата и не ни забележала кога нејзината ќерка паднала.

Девојчето било пронајдено на тротоар, а соседите веднаш повикале брза помош. Останатите веднаш отишле во станот и ја разбудиле мајката.

Девојчето веднаш било пренесено во болница каде била оперирана. Според лекарите, нејзината состојба се уште е многу сериозна, со фрактура на черепот, торако-абдоминална политраума и фрактура на бутната коска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.