Светски познатиот моден бренд „Баленсијага“ ја објасни причината за лансирањето на скандалозната кампања со слики на деца кои позираат со играчки за возрасни и алкохол.

Тие објавија и соопштение во коешто се извинуваат за рекламата што сега е повлечена и отстранета.

Остро го осудуваме насилството врз децата, никогаш не ни беше намера да ги вклучиме во оваа наша приказна. „Баленсијага“ ја презема сета одговорност. Чанти со плишани мечиња и колекцијата подароци не требаше да се поврзуваат со деца. Ова беше погрешен избор од наша страна, споено со неуспехот при оценувањето и потврдувањето на фотографиите. За тоа сме одговорни единствено ние“, објаснуваат од комапнијата во соопштението и велат дека се спроведува внатрешна истрага за одговорност за таквиот превид.

Инаку, оваа рекламна кампања, меѓу другите, ја критикуваше и Ким Кардашијан, која веќе извесно време работи со „Баленсијага“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.