Стела Морис, вереницата на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, пристигнала во затворот „Белмарш“ во кој денеска ќе се одржи нивната венчавка.
Стела на венчавката пристигнала во придружба на нивните две деца – синовите Габриел и Макс.
Вереницата на Асанж позирала пред фотографите во венчаница која ја потпишува креаторката Вивиен Вествуд, а церемонијата ќе се одржи во кругот на членовите на семејствата и пријатели на парот – само 4 гости и 2 сведоци, како и 2 работници во обезбедувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.