Австралиската актерка и комичарка Ребел Вилсон успеала да ослабе речиси 40 килограми за само една година, а како што открила за медиумите, успеала благодарение на правилната исхрана, редовното вежбање и исклучувањето на одредена храна.
Како што објави „Women’s Health“, 43-годишната девојка од своето мени ја отстранила храната богата со јаглени хидрати и масти, а во исто време го зголемила и внесот на протеини.
Ребел открила за „People“ дека консумирала околу 3.000 калории дневно, а со оглед на тоа што главно биле јаглени хидрати, таа сепак била гладна и се прејадувала во текот на денот. Откако се префрлила на диета богата со протеини, што било предизвик за неа бидејќи никогаш не јадела многу месо, тоа и помогнало да го трансформира своето тело и да изгуби тежина. Покрај тоа, таа била сита преку ден и немала потреба од грицки.
Како што додала, најмногу јадела риба и посно месо како пилешко или мисирка. Покрај тоа, таа се обидела од менито да ги исфрли тестенините, брзата храна и сите други намирници богати со јаглехидрати. Наместо тоа, таа го зголемила внесот на овошје, но и зеленчук.
Покрај слабеењето поради естетика, Вилсон првенствено ослабе за да го подобри своето здравје. Имено, таа со години се борела со неплодност поради вишок килограми, нередовна менструација и синдром на полицистични јајници. Исто така, таа била склона кон емоционално прејадување, што ѝ оневозможило да ослабе.
Мислам дека отсекогаш сум јадела поради стрес, а понекогаш дури и сериозно се прејадував, пред се затоа што никогаш не сум се сакала доволно. Не бев задоволна со себе. Откако се хранам здраво и вежбам, имам многу повеќе самопочит и самољубие, што исто така одигра голема улога во мојата трансформација, додала таа за People.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.