Ѕвездата на филмот High School Musical, Ешли Тисдејл во својот дом го поканила тимот на Architectural Digest и им покажа како го уредила просторот. Додека камерата снимала низ дневната соба, актерката искрено признала дека до вчера не изгледало така.
Овие полици. Морам да бидам искрена, немав книги во нив пред неколку дена. Го испратив мојот сопруг во книжарницата и му реков дека мора да купи 400 книги признала таа.
I… am speechless. pic.twitter.com/sF5wPAARSv
— Sarah Caldwell (@sarahccaldwell) March 29, 2022
Еден корисник на Твитер смета дека ова не е толку невообичаено.
Работев во антикварници и на секои неколку години доаѓаше богат човек под стрес со желба да купи четири полици книги со тврд повез, без разлика какви се насловите. Тоа е одлична можност да подари скапи работи кои се таму со години, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.