Пејачот и фронтмен на групата „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, почина денеска, 22 јануари, на 67-годишна возраст, објавено е на официјалната веб-страница на бендот.

Аки пред две години со својата 27 години помлада партнерка Барбара доби ќеркичка, но својата врска ја чуваа подалеку од очите на јавноста.

– Ако може Мик Џегер на 74 години, зошто да не може и Аки, рече тогаш неговиот пријател и член на „Парни ваљак“ Хусеин Хасанефендиќ – Хус.

Рахимовски секогаш се трудел да го држи во тајност својот приватен живот.

Пејачот зад себе остави три деца – синот Кристијан кој го доби во првиот брак, ќерката Дина која ја доби во повеќедеценискиот брак со мистериозната Ингрид и ќерката Антонија која ја доби во 2020 година со Словенката Барбара Весел.

Пејачот не зборуваше премногу за среќните вести и раѓањето на детето во седмата деценија од животот, а неговата избраничка потврди дека се е баш како што треба.

– Се е супер. Девојчето се вика Антонија, изјави Барбара за РТЛ тогаш и гордо додаде: – Задоволна сум од Аки.

Тажната вест за смртта на Аки беше објавена на официјалната страница на групата на Фејсбук.

Драги пријатели, со неопислива тага во нашите срца, ве известуваме дека денес, 22.1.2022 Аки Рахимовски засекогаш заспа, се наведува во објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.