Дојде времето за слави и имендени, а кај секој домаќин сигурно ќе помине и по еден ваков гостин:
1. Коментатор
Неговата улога е да води полемики, да пренасочува теми, да воведува соговорници, да дава и одзема збор. Вистински модератор на славата. Тој има мислење за сè и доволно е еден од учесниците во дебатата да започне со тема и гостите ќе ја добијат честа да го слушнат неговото мислење: „Чекај, чекај, јас да ти објаснам…“
2. Во гужва е
Доаѓа, и уште од првиот момент ти дава до знаење дека си само попатна станица: „Среќна да е славата домаќине, ама имаме уште три за обиколување, хехе, само да кажам едно живели дојдовме”.
Тие седат како на игли. „Не можам веќе ни залак, ќе пукна, јадев кај кумот, а и за брзо си одиме! Кафе? Ајде, ама брзинско едно“.
3. Провладин
Подгответе се да бидете просветлени. Не е важно во кое време од годината ви е слава – за Провладиниот секогаш е време на избори. Ќе го препознаете по неговиот рапав глас зарипнат од викање на фрази како „Чекај, јас ќе ти кажам“, „А, да те прашам јас нешто тебе..“ и злогласното „Јас мислам…“
Иако никогаш не добил ниту еден денар од дотичната партија, но смета дека е негова света должност да ја промовира. Особено ако никој не ја ни спомнал. Без разлика дали зборувате за Нова Година, издавање на викендица или зимски гуми, провладиниот секогаш ќе најде начин да ја претвори темата во политика.
4. Опозиционер
Секогаш оди во пакет-аранжман со Провладиниот. Зачинот на секоја квалитетна слава. Апсолутно не е важно за која и каква влада станува збор. Провладиниот секогаш ќе ја фали, а Опозиционерот ќе се обиде да го надвика. Загарантирано шоу за останатиот дел од масата.
5. Миротворец
Доаѓа на слава само со една цел. Да касне сарма, да ги праша децата како е на училиште и да обезбеди космичка хармонија. При најмал знак на било каков конфликт, Миротворецот ќе доживее благ шок и со полуплачлив глас ќе ги замоли сите присутни да не се караат. Три пати.
Со уплашен поглед, со солзи во очите, ќе гледа час кон Провладиниот, час кон Опозиционерот, час кон домаќинот.
6. Тинејџерот што не сака да биде тука
Од сите негови пријатели, само тој е принуден да оди по слави! Можеше раат да си седи дома, да игра игри или да виси со пријателите во паркот. Барем престанаа да го прашуваат дали има девојка и дали положи математика.
7. Дегустатор
Тоа се луѓето кои се фокусирани на храната и сè околу неа. Пробуваат од сè, прашуваат како се прави, што има во десертот и даваат свое мислење, најчесто позитивно од учтивост.
„Па ова е најдобрата сарма што сум ја пробал. И тоа ова е мојата трета слава! Ајде да видиме како сте ја смешале руската…“
Но, нив никој не им замерува, зошто најлош гостин, пак, е оној што ништо не пробува.
8. Презентер
Тоа се обично тетки и сосетки кои сакаат да ги запознаваат гостирњ едни со други.
„Ова е ќерката на Јана, ја знаеш? Таа студира тука, убавица“. Потоа се врти на другата страна на масата.
„Мислам и вас ве знам, доктор сте во Мириево? Драган, така?”
Или ќе те прашаат кој си или ќе те запознаат со почесните гости – нема друго.
9. Раскажувач
Ова се луѓето кои (мислат дека) имаат што да кажат, па слушате неверојатни приказни „од нивното време“.
Може да слушнете како „оделе со километри пешки до училиште“, како „во нивно време девојка се наоѓала на улица, а не на Фејсбук“…
10. Вечен шегаџија
Од моментот кога ќе влезе, до моментот кога ќе реши да си замине, вечниот шегаџија мора да биде во центарот на вниманието! Тој е вистинска мала енциклопедија од приказни, шеги, анегдоти и ласкави коментари. Единствената достојна конкуренција за Провладиниот и Опозиционерот.
Иако сите веќе напамет ги знаат неговите приказни од војска, не им пречи повторно да ги слушаат. Никој не ги лажува како него!
Извор: Жена Блиц
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.