Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски упати честитка по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март потенцирајќи дека местото на жената е кадешто се носат одлуките и потребно е да се надминат родовите стереотипи.

Почитувани дами, од мое лично име и од името на Општина Куманово Ви го честитам денешниот Ден на жената-8 Март! Жената е столб на семејството во секое општество, која треба да се почитува секој ден. Ви посакувам секојдневно внимание и љубов од најблиските, затоа што Вие тоа го заслужувате. Среќни сме што жените се активно вклучени во сите процеси на креирање на локални политики и носење одлуки со цел развој на Општина Куманово. Во Советот е запазена родовата еднаквост, претседателката на Советот на Општина Куманово е жена, имаме жени раководителки на 4 многу значајни сектори во Општината и секогаш се залагаме за целосна еднаквост помеѓу мажите и жените. Ова е нашето заедничко општество кадешто мораме да бидеме еднакви, затоа што само на овој начин можеме да одиме заеднички напред. Местото на жената е кадешто се носат одлуките!“, се вели во честитката на Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.