Престојот на децата во градинките е многу повеќе од неколку часовно згрижување. За секое дете, градинката е прва средба со обврски и одговорност, прво самостојно запознавање нови луѓе, комуникација со многу дечиња и прв момент на „разделба“ со родителите. Затоа, градинката за нив треба да биде местото во кое се чувствуваат сигурни и добредојдени, што е подеднакво важно и за родителите.

Воспитувачите и негувателите ја имаат главната улога, а благодарение на нивниот професионален однос и пристап, децата се среќни што поголем дел од нивниот ден, го поминуваат токму со нив. Всушност, во очите на децата, воспитувачот е лојален пријател, кој на секое нивно „зошто“ има „затоа“ и првиот поим за авторитет, со кој секогаш може да играат интересни игри, а во исто време и да научат многу нови работи.

За родителот, престојот на неговото дете во градинка треба да обезбеди одржина, квалитет, едукација, воспитување, правилно формирање на личноста на детето, квалитети кои децата можат да ги добијат преку воспитувачкиот кадар. Па затоа, за да се испише успешна приказна за детска градинка, пред сѐ потребно е родителите да имаат безрезервна доверба во воспитувачите, а децата безгрижно да ги создаваат првите спомени и секојдневно да ги прошируваат знаењата.

Приватната детска градинка Литл Ми, веќе седма година по ред, гордо ја раскажува својата успешна приказна, заедно со многуте задоволни родители и најважно, со огромниот број среќни, насмеавни и воспитани деца. Секое дете кое било, или е дел од семејството Литл Ми добива многу повеќе од згрижување, затоа што секој нов ден поминат во градинка е нова авантура исполнета со различни активности, нови игри и предизвици, безгрижна дружба со другарчињата, интересни „дебати“ со воспитувачите и различни еднодневни посети кои ги прошируваат нивните
хоризонти.

Родителите се особени горди на изборот, затоа што знаат дека нивното дете ќе биде безбедно, силно и ценето. Но, исто така, една од најважните работи за еден родител е исхрана за децата, додека се надвор од домот, но кога се во Литл Ми тоа веќе не претставува грижа, туку задоволство, затоа што за тоа се грижи беспрекорен тим од врвни кувари кои секојдневно им подготвуваат на децата чинии полни здравје, односно разновидни јадења, нутритуитивно богати, со витамини во изобилство.

Тимот на градинката има за цел да изгради свет во кој детето слободно ќе го изразува своето мислење, со што ќе има чувство на припадност во развојно-социјална и грижлива средина пропратена со сите услови за спроведување на разновидните активности кои се детално обработени и однапред испланирани.

Изберете ја детската градинка Литл Ми, затоа што вашето дете, ќе биде нивната најголема грижа.

Фото: Принтскрин



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.