По престојот во Близнаци, Венера влезе во знакот Рак на 18 јули и носи романтични и нежни вибрации, фокусирани на заедништвото и семејството

Од 18 јули, по Близнаци, Венера се преселува во Рак, што доведе до големо фокусирање на семејството. Астролог детално објасни како овој период ќе влијае на хороскопските знаци:

Кога наталната Венера е во знакот Рак, личноста силно ќе се стреми кон достигнувања во семејството, стабилност во домот. Знакот Рак секогаш ја опишува желбата за топол дом, па луѓето со оваа поставка порано ќе влезат во сериозни врски/брак, од желба да припаѓаат. Овде се изразува емоцијата, желбата за љубов, кога се сака, таа е многу посветена. Венера овде се чувствува многу добро, па бидејќи нема лоши аспекти со другите планети, ова се најдобрите мајки и татковци, а бидејќи Венера е и наша сестра во наталната карта, тоа подразбира многу добар однос со сестрата. Поддршка преку семејството.

Во наредниот период ќе бидеме повеќе ориентирани кон љубовта, желбата да се најде некој за нас, доколку сме слободни, а во браковите и врските проблемите полесно се решаваат. Нема така лесно да влегуваме во авантури, големиот стремеж ќе биде за стабилност. Сега можете прво да влезете во квалитетни врски, бидејќи со оваа Венера на небото нема да сакаме авантури, туку сигурност. Сигурни се и љубовите на патувања, со непознати.

Вие со натална Венера во Рак, уживајте, ова е вашето време да блеснете! Како и сите со знакот и подзнакот Рак. Среќно – вели астрологот.

Венера ќе се пресели од Рак во Лав на 11 август.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.