Овен
Познати сте по своите избрзани, детинести и незрели одлуки. Но, можеби токму оваа карактеристика ве издвојува од толпата.

Бик
Тврдоглавоста, посесивноста и воодушевувањето од материјалните добра некогаш доминираат со вашата личност.

Близнаци
Индивидуалисти кои ако не се во центарот на вниманието, можат да бидат незаинтересирани и нефокусирани на проблемот.

Рак
Емотивни сте и некогаш тоа оди во лоша крајност и наместо емпатија, кај останатите предизвикува желба да избегаат.

Лав
Шармантни сте, сакате внимание и лесно го добивате, но внимавајте да не останете префокусирани на себе и своето его.

Девица
Точно знаете што сакате и целите кон тоа, но вашата борба некогаш е толку брутална, што може да ги нервира другите.

Терезија
Планирате, размислувате и анализирате и некогаш ви треба цела вечност за да донесете дури и наједноставна одлука.

Скорпија
Страствени сте, но не сакате да вложувате преголеми напори за да го добиете она што го сакате, бидејќи сте убедени дека и онака ви следува.

Стрелец
Многу сте директни и несуптилни во искажувањето на своите мислења, без да размислите дали некого повредувате.

Јарец
Сакате да имате преголема контрола врз она што се случува околу вас, а бидејќи тоа е невозможно, лесно губите нерви.

Водолија
Логични сте и трошите многу време во анализирање на ситуацијата, а не секогаш тоа води кон добар исход.

Риби
Сонувате, фантазирате и сакате авантури, тоа не е лошо, но трикот е во тоа да успеете да останете и приземјени, што не секогаш ви оди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.