Последната сезона на затемнување во 2022 година е пред нас. Во вторник на 25 октомври не очекува делумно затемнување на Сонцето, а на 8 ноември целосно затемнување на Месечината. Ова обично се смета за период на големи промени во астрологијата. Ова затемнување на Сонцето се случува во знакот Шкорпија, познат по својата темна и интензивна природа, па нè очекуваат драматични настани и длабоки трансформации.

Планетарните влијанија ве поттикнуваат да се прилагодите на околностите кои на почетокот може да бидат тешки, но ќе го отворат патот за раст и ќе ви донесат посреќни искуства. Доколку не забележите промени веднаш, имајте на ум дека влијанието на затемнувањето се чувствува неколку недели пред и по самиот настан.

Еве кои хороскопски знаци најмногу ќе ги погоди затемнувањето…

Бик

Ве очекуваат предизвици во односите со околината. Ако долго време сакате да излезете од врска или соработка, сега ќе соберете храброст и ќе донесете одлука. Иако се чувствувате подготвени да раскинете, ова затемнување може да зајакне некои врски кои биле неусогласени или нестабилни. Во секој случај, во овој период ќе научите важни лекции за меѓучовечките односи, но и за себе.

Лав

Затемнувањето во Шкорпија може да навести промени во вашата домашна динамика. Можеби ќе се преселите во друг стан, ќе пречекате нов член на семејството или ќе го преуредите вашиот дом. Некои ќе се преселат во друг град за возбудлива деловна можност, но да се впуштат во непознатото нема да биде без тешкотии. Ќе ви треба време за да се прилагодите, но не се откажувајте кога ви е тешко бидејќи подоцна може да зажалите.

Шкорпија

Вашиот живот ќе стане доста интензивен, но добро ќе се носите со она што следува. За некои, ова затемнување го означува почетокот на голема промена на идентитетот, особено за оние родени во октомври. Неочекуваните околности ќе ве потресат и ќе ве натераат да станете подобра верзија од себе. Не одолевајте на промените, без разлика колку е тешко. Ги надминавте сегашните околности и подготвени сте за нови предизвици.

Водолија

Ве очекуваат големи промени на професионален план. Можеби се подготвувате да ја напуштите вашата моментална работа, па почнувате да истражувате други опции. Некои ќе прифатат унапредување или дури и целосно ќе ја променат кариерата. Не плашете се дека не сте дораснати на предизвикот и прифатете ги обврските кои ви се нудат. Покажете дека сте спремни да работите напорно и да се жртвувате за успех.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.