Емоционалната недостапност на некои луѓе често произлегува од претходната траума или стравот да бидат повредени, што може да ги натера да создадат заштитни sидови во врските. Овие хороскопски знаци тешко се отвораат кон другите, што ги прави емотивно недостапни, пишува index.hr.
Водолија
Водолијата е позната по својата независност и интелектуален пристап кон животот. Овој хороскопски знак често се повлекува во својот свет на идеи и мисли, а понекогаш и емоционалните испади ги држи на дистанца.
За Водолијата, анализирањето и размислувањето за емоциите често е поважно од нивното изразување.
Јарец
Јарецот е фокусиран на постигнување на своите цели и искачување на социјалните скалила. Овој знак често создава емотивен оклоп за да ги постигне своите амбиции. Јарците знаат да бидат крајно сериозни и резервирани и да им е тешко да ги отворат своите срца за другите.
Девица
Девиците се познати по нивната аналитичка природа и потребата за контрола. Овој знак често поминува многу време загрижувајќи се за деталите и решавање на проблеми, истовремено занемарувајќи ги нивните емоционални потреби. Ова може да ги отежни да се пристапат и да им се отворат на другите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.