Првиот месец од годината, според астролозите, носи позитивна енергија, прави да се чувствуваме подобро од вообичаено, а многумина ќе бидат мотивирани да работат на исполнување на новогодишните желби.
Хороскопот открива кои се најсреќните денови во јануари 2022 година, а овие датуми се идеални за нов почеток, остварување на амбициите и позитивни животни промени.
Како и секој период, јануари 2022 година има нумеролошки и астролошки среќни денови. Астролозите ги издвоија датумите кои ќе бидат особено добри за сите знаци од Зодијакот.
18 јануари – Крај на ретроградното движење на Уран
Ја ослободуваме негативната енергија што се акумулирала во нас. Од овој ден, многумина од нас ќе можат да заборават на она што нѐ мачело во минатото. Уран што се движи директно ќе ни помогне да се исчистиме од стравовите и несигурноста.
Овој ден ќе биде полн со пријатни изненадувања.
24 јануари – денот на преминот на Марс во знакот Јарец
Марс на 24 јануари ќе влезе во знакот Јарец каде ќе остане до 5 март. Ова е одличен период за финансии, бидејќи присуството на Марс во природната 10-та куќа на хороскопот создава одлични услови за работа и носење важни одлуки.
29 јануари – Крај на ретроградното движење на Венера
Венера повторно се движи директно, што ќе донесе романтична енергија. Оваа планета ќе ни даде силен позитивен поттик на љубовен план.
30 јануари – опаѓачка месечина во Јарец
Месечината на овој ден ќе опаѓа во однос на Земјата. Тоа значи дека нејзиното растојание до нас ќе биде сведено на минимум. Ова значително ќе ја зголеми нејзината сила и моќната лунарна енергија.
Ако се земе предвид дека опаѓачката месечина ќе биде во соѕвездието Јарец, можеме да се надеваме дека денот ќе биде многу поволен. Се отвораат можности за реализација на големи планови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.