OВЕН
Работа: Организирајте некое убаво дружење, собирање со пријателите, опуштете се и, пред сѐ, одморете.

Љубов: Изненадете ја саканата личност. Предложете некое излегување, покажете поголема посветеност и ќе ви биде возвратена.

Здравје: Одлично.

БИК
Работа: Некои нови идеи можат да ве поттикнат на сериозни размислувања, можеби дури и за промена на досегашната работа. Полека, не брзајте никаде.

Љубов: Доколку се потрудите малку и ако се опуштите, сѐ околу вас ќе изгледа сосема поинаку и поубаво.

Здравје: Чувствителност на грлото.

БЛИЗНАЦИ
Работа: Денес би можеле да се растргнете на повеќе страни, но имајте на ум дека важно е и добро да се одморите и да го опуштите вашиот мозок.

Љубов: Доколку планирате некое заедничко патување, одморот не е лош момент да го реализирате. Уживајте.

Здравје: Многу добро.

РАК
Работа: Денес на раковите би можеле да им излезат непланирани обврски. Не дозволувајте тоа премногу да ве вознемири, ќе стасате да завршите сѐ без проблем.

Љубов: Доколку сте извлекле некои корисни пораки од минатото, не враќајте се чекор назад, туку свртете се кон иднината.

Здравје: Многу добро.

ЛАВ
Работа: Поволен ден за да се опуштите, не размислувајте премногу за обврските, вдишете длабоко и подготвено пречекајте ги следните работни предизвици.

Љубов: Дајте ѝ поддршка и разбирање на саканата личност, бидете весели и добро расположени и, секако, преземете иницијатива за некоја конкретна акција.

Здравје: Многу добро.

ДЕВИЦА
Работа: Иако е недела, повеќето типични девици ќе чувствуваат притисок од обврските што ги очекуваат веќе од утре. Немојте однапред да се оптоварувате.

Љубов: Денес ви треба повеќе разбирање од страна на саканата личност.

Здравје: Многу добро.

ТЕРЕЗИЈА
Работа: Би можеле да им презентирате некои нови креативни идеи на соработниците, а би можеле и едноставно да му се посветите на одморот и уживањето во мирниот неделен ден.

Љубов: Денес ве очекува едно многу интересно и ненадејно познанство.

Здравје: Одлично.

СКОРПИЈА
Работа: Денес би можеле да бидете зафатени со заостанатите обврски или ќе треба да му помогнете на некој пријател, што, секако, нема да ви падне тешко.

Љубов: Денес не донесувајте избрзани одлуки особено ако имате некои дилеми од минатото. Стрпете се барем до утре.

Здравје: Наспијте се доволно.

СТРЕЛЕЦ
Работа: Плановите за одмор и релаксација денес би можеле да ви ги нарушат некои неодложни работни разговори.

Љубов: Обидете се да одбегнете критики на сметка на вашето однесување, бидете трпеливи и толерантни, повеќе ќе ви се исплати.

Здравје: Многу добро.

ЈАРЕЦ
Работа: Доколку морате да завршите нешто, денес нема да имате никакви препреки, сепак, денов е предвиден за одмор, па обидете се и да се опуштите малку.

Љубов: Можно е саканата личност да ве изненади со некој необичен предлог или знак на внимание. Обидете се да возвратите на истиот начин.

Здравје: Одлично.

ВОДОЛИЈА
Работа: Ве очекува одличен ден, вие сте во прв план, па така би требало и да остане.

Љубов: Би било добро убавото расположение да го пренесете и во љубовната сфера. Изненадете ја саканата личност со нешто убаво.

Здравје: Одлично.

РИБИ
Работа: Денес може да ве оптоваруваат некои дилеми од минатото, па би требало да ги разрешите што побрзо. Не дозволувајте да ви го расипат мирниот ден.

Љубов: Без некои поважни промени на вашиот љубовен хоризонт. Би требало сѐ да биде под контрола, иако можеби вам ќе ви се чини поинаку.

Здравје: Многу добро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.