На 12 април, Јупитер се синхронизира со безграничниот Нептун, настан што се случува еднаш на секои 13 години. И за прв пат од 17 март 1856 година, нивниот екстатичен танц се игра во знакот на идеалистичните Риби (на 23°58′), хороскопскиот знак со кој владеат и Јупитер и Нептун.

Овој настан сигурно ќе го промени пејзажот на културата, како и нашата внатрешна емотивна територија. Додека ова космичко дуо работи на нашата потсвест ќе имаме посебна шанса да се ослободиме од самонаметнатите бариери.

Еве што не очекува на 12 април
Не може да има подобар момент за започнување со медитација, чистење на телото или психотерапија. Сè што ве внесува „во тек на енергијата“ е точен одговор овој период.

Кога Јупитер и Нептун последен пат се сретнаа во Риби, духовното движење беше во својот врв. Со оглед на тоа што Рибите владеат со задгробниот живот и духовното царство, оваа конјункција ќе не натера длабоко да размислуваме за патувањето на нашите души.

Двете планети се многу среќни кога се во Риби и заедно, нивната енергија е неверојатно силна, позитивна и магична. Јупитер е ориентиран кон растот и сака да ги проширува нашите умови, додека Нептун ни носи интуиција и соништа. Бидејќи овие планети се во Риби, тие можат да изнесат многу мистична и трансформациска енергија во космосот.

Во хороскопот симболот на Рибите се две риби кои пливаат во спротивставени насоки, а таа парадоксална моќ ќе ја почувствуваме во близина на 12 април. Внимвајте на фатаморгани и привиди. Во деновите што претстојат, можеби ќе бараме нови просветлени начини за поддршка на најблиските кои се справуваат со предизвиците за менталното здравје под раководство на Рибите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.