29 јануари е позитивен ден за повеќето хороскопски знаци, затоа искористете го максимално

ОВЕН
Работа: Имате можност во опуштена атмосфера добро да се организирате и да се подготвите за наредниот работен циклус.
Љубов: Мирен ден без какви било промени во однос на претходниот ден. Ангажирајте се повеќе во сферата на љубовта.
Здравје: Многу добро.

БИК
Работа: Мирен ден за повеќето Бикови, немојте да се оптоварувате со обврски, опуштете се, уживајте, ќе имате работа од понеделник.
Љубов: Иако можеби нема да ви оди лесно, дајте го вашиот максимум за да го средите недоразбирањето со саканата личност.
Здравје: Многу добро.

БЛИЗНАЦИ
Работа: Ова е уште еден ден во континуитет за организирање и за релаксирани активности, по слободна волја. Уживајте.
Љубов: На љубовен план би било убаво и пожелно сѐ да биде спонтано, без наметнување одредени теми и сериозни разговори. Држете се подалеку од минатото.
Здравје: Многу добро.

РАК
Работа: И покрај тоа што ви треба одмор, и денес ве чекаат многу обврски по дома. Иако нема да ви биде тешко, не дозволувајте да се префорсирате.
Љубов: Љубовен ден во границите на просечното. Не би било добро да биде здодевно.
Здравје: Можни алергиски реакции на кожата.

ЛАВ
Работа: Вториот ден од викендот на Лавовите добро ќе им дојде за дополнително да се реорганизираат и да ги одредат работните приоритети пред почетокот на новата работна седмица.
Љубов: Не брзајте, но време е да размислите за некој подиректен љубовен потег.
Здравје: Многу добро.

ДЕВИЦА
Работа: Практично сте подготвени за новите работни предизвици, евентуално треба да ги проверите начелните договори со најблиските соработници.
Љубов: Вашето внимание е доволно фокусирано на саканата личност и тоа ќе биде забележано. Уживајте.
Здравје: Многу добро.

ТЕРЕЗИЈА
Работа: Најтипичните претставници на овој знак ќе имаат поволен ден, првенствено, за извршување рутински подготовки за наредниот период, а остатокот од денот ќе го посветат на одморот и релаксацијата.
Љубов: Не можете да постигнете многу со пасивност и чекање другата страна да преземе иницијатива. Потребно е и вие да дадете ваш скромен придонес за некое убаво изненадување.
Здравје: Одлично.

СКОРПИЈА
Работа: Иако и оваа недела обврските нема да ве заобиколат, не би било лошо да одвоите некое време за одмор, ќе ви треба енергија за наредниот период.
Љубов: Многу пријатно изненадување во сферата на љубовта ќе ви приреди саканата личност. Потрудете се да возвратите на сличен начин.
Здравје: Многу добро.

СТРЕЛЕЦ
Работа: Сосема солиден ден ги очекува Стрелците и без поголемо форсирање ќе ги завршат зацртаните обврски.
Љубов: Овој ден не ви носи некои позначајни промени во љубовната сфера. Доколку сте задоволни, уживајте, доколку не сте, преземете нешто.
Здравје: Одлично.

ЈАРЕЦ
Работа: Со добра организација и малку побавен ритам, Јарците ќе го завршат сето тоа што го планирале денес.
Љубов: Нема причина да не го поминете овој ден во мирна и опуштена атмосфера, посветувајќи ѝ многу внимание на личноста што ја сакате.
Здравје: Можни проблеми со стомакот.

ВОДОЛИЈА
Работа: Водолиите одлучно ќе ги контролираат сите професионални обврски и овој ден. Ќе имате доволно мотивација и позитивна енергија.
Љубов: Ве очекува солиден ден доколку сте планирале заедничко дружење со пријателите. Може и некое пократко патување.
Здравје: Многу добро.

РИБИ
Работа: Во текот на овој ден пожелно е Рибите да се позанимаваат со незавршените обврски и да почнат со подготовки за нови професионални искушенија.
Љубов: Би требало да расчистите со минатото доколку сакате новото познанство да прерасне во нешто повеќе.
Здравје: Многу добро.

Преземено од Убавина и здравје


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.