ОВЕН

Ќе успеете да го постигнете планираното и ќе бидете задоволни од деловната ситуација денес. Не е добар ден за вас кога се во прашање чувствата, можно е да се чувствувате запоставено. Намален имунитет.

БИК

Потрудете се да бидете посветени на својата работа, но некои работи едноставно не функционираат за вас денес. Можно е вашата недоверба и љубомора да предизвикаат поголеми проблеми во односите со саканата личност. Проблеми со уринарниот тракт.

БЛИЗНАЦИ

Доколку сакате да постигнете деловен успех, важно е да бидете подготвени да побарате нечија помош и поддршка. Можно е да одлучите да излезете од врска во која не сте среќни. Наскоро ве очекува нова љубов. Можна е нервоза.

РАК

Имате многу добри аспекти на деловното поле и можете да го очекувате судбоносниот успех што ќе ви дојде. Барате вистинска љубов. Не сакате да се согласувате со помалку од она што ви треба за среќа. Грижете се за болката.

ЛАВ

Ја имате потребната поддршка на деловното поле и сега ви треба само трпение. Подготвени сте да му покажете на партнерот дека го сакате и дека сте подготвени да се посветите на заедничките цели. Уживате во физичка активност.

ДЕВИЦА

Избегнувајте поголеми инвестиции на деловното поле и потрудете се да бидете посветени на своите цели. Ве очекува период во кој нема да ви биде баш лесно да носите нови љубовни одлуки. Избегнувајте алкохол.

ВАГА

На работа можете да очекувате помалку конфликти, но сепак ќе можете да решите се во ваша корист. Се чувствувате осамено па ќе прифатите нова љубовна понуда, иако тој партнер можеби не ви одговара. Грижете се за вашите бубрези.

ШКОРПИЈА

Имате многу обврски на кои сте посветени и важно ви е да ги постигнете целите што си ги поставивте на ова поле. Доколку сакате да остварите ново познанство на љубовно поле, треба да бидете послободни. Посети доктор.

СТРЕЛЕЦ

Можно е да имате компликации кои не можат да се решат сосема лесно. На работа ви треба многу трпение. Сосема неочекувано наидувате на личност која кај вас буди чувство на привлечност. Мали проблеми со аритмијата.

ЈАРЕЦ

Време е да покажете дека сте подготвени за деловни промени кои се неизбежни. Саканиот покажува дека ќе даде се од себе околу вашата емотивна врска. Не вложувајте премногу напор во тоа.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува поволен ден за работа. Сега не треба да очекувате поголем стрес и напнатост. Не сте сигурни како да ги прифатите зборовите на вашиот партнер. Можно е да станете посесивни и љубоморни со причина. Чувствителен кардиоваскуларен систем.

РИБИ

Задоволни сте од деловните околности. Во наредниот период ве очекува финансиско подобрување. Потребно ви е повеќе разбирање за да имате добар однос со партнерот на љубовно поле. Проблеми со стомакот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.