Астрологијата може да биде корисна алатка кога станува збор за љубовта. Покрај тоа што ја открива хороскопската компатибилност, исто така ни помага да откриеме кои знаци едноставно ќе престанат да се појавуваат откако ќе одлучат дека им е доста. Доколку сакате да избегнете кршење на срцето и разочарување, имајте на ум дека овие знаци се најмногу склони кон т.н. духови.
Близнаци
Кога станува збор за љубовта, Близнаците никогаш не знаат што сакаат. Тие се многу непостојани, до тој степен што еден ден ќе бидат целосно заљубени во некого, но веќе следниот ќе им исчезнат чувствата. Близнаците не сакаат тешки и сериозни разговори, па најверојатно еден ден едноставно ќе престанат да контактираат со вас.
Овен
Љубовта е игра за Овенот, па нема да се двоуми да го прекине контактот со личноста со која е во врска доколку дојде некој подобар. Овните знаат да бидат доста диви во љубовта и љубовната возбуда, што сугерира дека не се многу верни на долг рок. Вистина е дека мразат рутина и често губат интерес откако ќе заврши фазата на заведување.
Скорпија
Скорпијата е најмистериозниот хороскопски знак, што објаснува зошто толку често исчезнува без објаснување. Овие луѓе секогаш ги следат своите инстинкти и прават што сакаат. Полесно им е само да исчезнат отколку да се соочат со другата страна која бара разумно објаснување што тие не можат да им го дадат.
Стрелец
Стрелецот не е ни свесен колку срца скршил. Ова е најавантуристичкиот хороскопски знак, што значи дека овие луѓе се многу непредвидливи и можат да патуваат на другиот крај на светот на момент доколку се укаже прилика. Секогаш кога некој Стрелец ќе има можност да се впушти во нова авантура, ќе отфрли се и секого и нема ни да биде свесен дека прават нешто лошо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.