Според бројни нутриционисти, вечерата би требало да биде лесен оброк, но исполнет со хранливи материи што го забрзуваат метаболизмот. Затоа, ви предлагаме да го испробате овој многу едноставен рецепт за чиа-пудинг кој нуди многу придобивки за телото. Од друга страна, на овој начин лесно ќе ја сочувате витата става или ќе се изборите со вишокот килограми, бидејќи вкусот е феноменален.

Главната состојка на овој оброк со кој треба да го завршите денот се чиа-семките, кои често ги нарекуваат и „суперхрана“. Имено, чиа-семето се ситни црни, бели и темнокафени семки кои потекнуваат од билката Salviahispanica, која е еден вид нане. Ацтеките ги користеле како основна храна во склоп на религиските обреди, но и за медицински цели.

Чиа-семето е добро за нашиот организам бидејќи изобилува со:

омега-3 и омега-6 масни киселини
влакна
антиоксиданси
протеини
манган
магнезиум
фосфор
калицум

Состојки:
4 лажици чиа-семе
2 банани
250 мл вода
250 мл млеко
лажица мед
малку цимет

Приготвување:
Згмечете ги бананите со виљушка и измешајте ги со сите состојки. Добиената смеса ставете ја во фрижидер. Чиа-семето потоа ќе си го направи своето и ќе го згусне овој пудинг, а вкусот ќе ве воодушеви!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.