Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со заменик амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс. На состанокот беше потврдена одличната соработка и стратешкото партнерство меѓу двете земји, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Акцентот на средбата беше ставен на тековните проекти, кои со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави се спроведуваат во МВР, континуитетот во заедничката соработка во борбата против тероризмот, компјутерскиот криминал и други форми на организиран криминал, со цел зајакнување на безбедноста на државата, се наведува во соопштението.

Како што се додава, двајцата го потенцирале значењето на целокупната поддршка што Соединетите Американски Држави им ја даваат на Министерството за внатрешни работи и на државата во сите домени, а „особено во евроинтегративниот процес и беше изразена подготвеност за нејзино натамошно интензивирање и продлабочување, особено во делот на безбедноста и соработката против криминалот“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.