Претседателот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари, во објава на „Твитер“ изразува загриженост од зголемените политички тензии во односите меѓу Македонија и Бугарија, и ги повика институциите да се воздржат од изјави коишто водат кон дополнителни тензии.

– Вознемирен од зголемувањето на политичките тензии меѓу Македонија и Бугарија, ги повикувам нашите институции да се воздржат од изјави коишто водат кон дополнителни тензии и да се ангажираат конструктивно да придонесат во спроведувањето на договорот за добрососедство и европската интеграција на земјата, објави Таравари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.