Тајландските власти обајвија предупредување до жителите во големи делови од земјата, вклучително и главниот град Бангкок, да избегнуваат излегување на отворено поради екстремните жештини. Ваквото предупредување доаѓа откако во Бангкок биле измерени 54 степени Целзиусови.

Поради тоа, властите ги предупредуваат жителите да избегнуваат активности на отворено и да бидат свесни за опасноста од топлотен удар.

Поголеми делови од Азија пријавуваат екстремни жештини овој месец, со рекордни температури во некои земји.

Во Бангладеш и делови од Индија, поради жештините се зголеми потрошувачката на електрична енергија, што резултираше со прекини на снабдувањето и недостиг на електрична енергија за милиони луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.