Најмалку 70 лица се повредени кога девет вагони на патнички воз излетале од шините во Република Коми на северот на Русија.

Руските медиуми јавија дека според последните информации нема жртви во оваа тешка железничка несреќа.

Патничкиот воз со број 511 сообраќал меѓу Воркут, град на северот на Русија и Новоросијск на брегот на Црното Море. Несреќата се случила недалеку од градот Инта, соопштија претставници на Руската железница.

– Итните служби се на лице место. Преземени се сите неопходни мерки за помош на повредените. Сообраќајот на пругата е во прекин – соопштија надлежните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.