Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека украинските трупи елиминирале 21 илјада платеници на групата „Вагнер“, а раниле уште 80 илјади од нив на исток.

Само на истокот на Украина, нашите војници елиминираа 21 илјада (руски платеници) и ранија уште 80 илјади. Односно, околу 100 илјади борци на групата „Вагнер“ беа убиени или ранети од нашите војници на исток. Тоа беа колосални загуби за „Вагнер“, изјави Зеленски во интервју за шпанските новинари.

Тој додаде дека „Вагнер“ регрутирал многу свои борци во казнените објекти и повеќето од нив немале избор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.