Предлагам со Руската федерација да направиме замена, нивното момче за нашите момчиња и девојчиња кои се во руско заробеништво. Ова е предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, што го даде доцна синоќа во своето обраќање до јавноста.

Тој сака да го замени заробениот проруски политичар и близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, Виктор Медведчук.

Украинската безбедносна служба соопшти дека го уапси бегалецот Медведчук, кој беше во домашен притвор поради сомнение за предавство, но, се обиде да побегне неколку дена по руската инвазија.

Медиумите пишуваат дека Медведчук се смета за најблизок и највлијателен сојузник на Путин во Украина.

Украинските власти го сомничат Медведчук за велепредавство и обид за грабеж на националните ресурси на Крим, што Москва го анектираше во 2014 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.