Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во разговор за порталот „Вајс“ (Vice), рече дека верува дека првиот човек на Русија, Владимир Путин ќе престане со агресијата.

„Мислам дека ќе сака вистински преговори. Тој гледа дека сме силни. Ќе биде, само ни треба малку време“, истакна Зеленски.

Канцеларијата за човекови права на ОН претходно соопшти дека потврдила 1.424 цивилни жртви од почетокот на инвазијата врз Украина пред две седмици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.