Украинскиот претседател Володимир Зеленски се надева на помош од ЕУ за обнова на енергетска мрежа во земјата, сериозно оштетена во серијата руски ракетни напади врз инфраструктурни објекти во Украина.
Зеленски на средба со еврокомесарот за енергетика Кадри Симсон во Киев истакна дека во нападите се уништени 40 проценти од вкупната енергетска инфраструктура во Украина.
Тој посочи дека Европската комисија треба да има координативна улога во обновувањето на енергетската инфраструктура, посочувајќи го примерот на форматот Рамштајн, преку кој државите-поддржувачи од Контакт-групата ја координираат нивната воена помош за Украина.
Сигурен сум дека ќе обновиме се. И во помирно време, кога ситуацијата во нашиот енергетски систем повторно ќе биде стабилна, повторно ќе извезуваме струја во Европа, изјави Зеленски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.