Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека колку повеќе финансиски средства таа земја добива како поддршка од меѓународните донатори, толку побрзо ќе заврши војната.
Зеленски истакна дека се потребни 38 милијарди долари за да се затвори проценетиот буџетски дефицит за следната година.
Kолку повеќе помош добива Украина сега, толку побрзо ќе ставиме крај на руската војна и толку побрзо и посигурно ќе гарантираме дека таква сурова војна нема да се прошири во другите земји, рече Зеленски во онлајн обраќањето на форумот за време на годишниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во Вашингтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.