Деветти ден на руската инвазија на Украина.
Во раните утрински часови избувна пожар во нуклеарната централа Запорожје, во близина на градот Енергодар, изјави градоначалникот на тој град. Набрзо се огласи и Дмитро Кулеба, шеф на украинската дипломатија, кој рече дека Русите пукаат во централата од сите страни и ги повика да престанат да пукаат.
Зеленски го коментираше и пожарот во електраната, обвинувајќи ја Русија за нуклеарен тероризам.
Борис Џонсон, исто така, побрза да проговори, велејќи дека ќе побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН бидејќи „дејствата на Путин директно ја загрозуваат Европа“.
Украина се обрати до светот со нов апел.
По нападот на АЕЦ Запорожје, Кабинетот на Претседателот и Претседателот на Врховната Рада повикаа на затворање на небото над Украина.
Што рече Претседателот на Врховната Рада Руслан Стефанчук:
Русија ги стави Европа и светот на работ на нуклеарен армагедон. Ова злосторство ја покажува потребата од воведување на зона забранета за летање што е можно поскоро. Ова е неопходно за да се заштити не само Украина, туку и светот како целина, информира украинската амбасада во Македонија.
Што рече советникот на претседателот на Кабинетот на Претседателот Михаил Подољак:
Логиката на оваа војна е да се зголемат ракетните и воздушните напади врз цивилната инфраструктура, големите градови и цивилното население. Само затвореното небо нагло ќе ја запре ескалацијата. Дојде време западните партнери да преземат одговорност за завршување на војната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.