Претседателот на унгарскиот парламент, Ласло Кевер, во интервју за „HirTV“ изјави дека, најверојатно, претседателот на Украина, Владимир Зеленски, страда од психички проблеми.

Како поткрепа за ваквиот став, Кервер го посочи не баш адекватниот однос на лидерот наУкраина на меѓународната сцена.

Не се сеќавам дека лидер на земја на која и треба помош се осмелил да зборува против некого на начинот на кој тоа го прави претседателот Зеленски, не само против Унгарија, туку дури и против германскиот канцелар, Олаф Шолц – вели Кевер.

Тој истакнува дека оние на кои им е потребна помош, најчесто ја бараат учтиво, иако упорно, но без да се служат со наредби и закани.

Нормални луѓе им се закануваат на непријателите, а не на оние за кои сакаат да им бидат пријатели. Тука има некаков личен ментален проблем и не знам што може да се направи во овој случај – заклучува Кервер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.