Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го назначи Олександр Сирски за врховен командант на вооружените сили на Украина, откако Валериј Залужни беше разрешен од таа функција.

„Го назначив генерал-полковник Сирски за врховен командант на вооружените сили на Украина“, рече Зеленски, пренесува „Украинска Правда“.

Тој додаде дека од денеска раководството на украинската армија ќе го преземе нов тим.

Сакам визијата за војната да биде иста за нашите војници во Роботин, Авдијевца и Генералштабот“, рече Зеленски.

Според него, Сирски има „успешно дефанзивно и офанзивно искуство“ бидејќи, како што наведува, ја водел одбранбената операција во Киев и операцијата за ослободување на Харков.

Поранешниот началник на Генералштабот на украинската армија, Валериј Залужни, беше разрешен претходно денеска, соопшти украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.