Украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешниот говор во данскиот Парламент, им се заблагодари на пратениците што помогнале на неговата земја да се спротивстави на инвазијата на Русија, еден ден откако Данска и Холандија објавија дека ќе му обезбедат на Киев борбени авиони Ф-16 од американско производство, кои би можеле да бидат испорачани на крајот на годината.

Зеленски им рекол на пратениците дека доколку руската инвазија биде успешна, и другите делови на Европа ќе бидат во опасност од воена агресија на Кремљ.

Сите соседи на Русија ќе бидат загрозени доколку Украина не победи, рече тој во говорот во Копенхаген.

Зеленски рече дека Украина треба да биде соодветно опремена за да се одбрани од многубројните руски сили.

Холандија и Данска ветија дека ќе и достават на Украина американски повеќенаменски борбени авиони Ф-16, а САД исто така ја одобрија испораката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.