Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека падот на Бахмут ќе значи „отворен пат за Русија да заземе други градови“. Тој повтори дека украинските одбранбени сили во тој град „мора да останат силни“.
Во интервју за Си-Ен-Ен, украинскиот претседател рече дека одлуката да се брани градот толку жестоко е тактичка, предупредувајќи дека трупите на Владимир Путин би можеле да преминат во други градови во источниот украински регион Доњецк.
Зеленски рече дека разбира што сака да постигне Москва со жестоки борби во опколениот град.
Тие мора да го стават своето мало знаме на врвот (на Бахмут). Тоа не е победа за нив, тоа е повеќе за мобилизирање на нивното општество, за да се создаде идеја дека тие се многу моќна армија“, изјави тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.