Руски специјалци денеска во успешна акција во притворска единица во јужниот град Ростов, ликвидираа повеќе киднапери кои како заложници држеа  двајца затворски чувари.

6-мината грабнувачи кои се затвореници под закана со нож ги држеа чуварите и бараа ослободување и автомобил за бегство. Затворениците се поврзани со руска келија на ткнр. Исламската држава, а биле притворени поради сомнеж за учество во активности на ИСИС на руска територија.

Тие објавија и видео порака со барањата по што се организираше акција за ослободување на заложниците. Десетици граѓани на Ростов и новинари од близина набљудуваа и снимаа видеа од акцијата.

На едно од видеата објавено на руски канали на Телеграм се слуша интензивен оган од внатрешноста на притворската единица во Ростов.

„Криминалците се елиминирани“, објави руската Федерална затворска служба во соопштението кое го пренесе новинската агенција Интерфакс.

„Вработените кои беа држени како заложници се ослободени. Тие не се повредени“, соопштија од затворската служба.

Полесно повредени се тројца учесници во полициската акција, додека затворениците се совладани и ликвидирани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.