Помошник министерот за внатрешни работи на Народната република Луганск, Виталиј Кисељев, предупредува дека разузнавачките агенции на САД и Велика Британија можеби планираат провокации во Придњестровје.

Мислам дека, најверојатно, Ми-6 и тамошната ЦИА сакаат да направат голема провокација против Молдавија, за потоа Молдавија да реагира и заедно со Украина целосно го ликвидира Придњестровје – изјави Кисељев за РИА новости.

Кисељев додава дека една од причините за таквиот план е тоа што западот не и доставува доволно оружје на Украина, поради што Киев сака да ги заземе складиштата со муниција во близина на градот Колбасна во Придњестровската Молдавска Република.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.