Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев денеска ја објави првата порака на социјалната мрежа Телеграм.
Во таа порака тој ја осудува русофобијата на Западот, обвинувајќи ја за дополнително влошување на односите.
Западот нема да може да ја превоспита Русија, ниту да ја распарчи“, рече Медведев во својата прва објава на Телеграм.
Очигледно гневната русофобија на Западот никогаш нема да го допре дното. Проширувањето на НАТО кон нашите граници, економската и медиумската војна што е започната против нашата земја на сите фронтови, бескрајните закани и заплашувања, жестоки прогон на нашите граѓани во странство. Тоа е причината за екстремното влошување на меѓународната ситуација низ која деновиве минува целиот свет“, напиша Медведев на својот канал на Телеграм.
Како што вели, однесувањето на земјите од западниот свет кон Русија во последните години е „одвратно“, криминално и неморално, и покрај тоа што Москва искрено се залага за добри односи со нив“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.