Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека странските инструктори, без разлика дали се Полјаци, Британци, Американци, Канаѓани или кои било други, долго време ги водат украинските неонацистички борци.

Захарова додаде дека, овие „инструктори“ всушност не се инструктори, туку се претставници на специјални служби на земјите од НАТО.

Таа ја коментираше и изјавата на поранешниот полски командант Валдемар Шчипчак, кој го обвини британскиот премиер Борис Џонсон дека открил тајни информации дека Велика Британија испратила тим на САС во западна Украина.

Овде одамна нема никаква тајна. Полски, британски, американски, канадски и други „инструктори“ долго време ги предводат членовите на неонацистичките баталјони. И тоа не се инструктори, туку специјални служби на земјите од НАТО. Ги има не само десетици, туку стотици и илјадници. Ако ги нарекуваме работите со нивните имиња, тие всушност управуваат со борбите во Украина – напиша Захарова на Телеграм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.